ФОТО | Баба билдерка која е вистинско чудо! Има 71 година и нереално е тоа што таа може да го направи!

Фото: Инстаграм

Таа брзо се навлекла на кревање тегови и сега во теретана минува околу 20 часа неделно, а држи повеќе од 30 државни и светски рекорди.

Бабата која стана меѓународен шампион во паверлифтинг во 60-те години вели дека се чувствува и изгледа подобро отколку пред 30 години.

71-годишната Мари Дафи од Трумбул, Конектикат започнала да вежба на 59-годишна возраст откако се здебелила, а потоа ослабела повеќе од 22 килограми за една година.

Таа брзо станала зависна од кревање тегови и сега минува околу 20 часа неделно во теретана, држејќи повеќе од 30 државни и светски рекорди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


Иако и било кажано дека е „премногу стара“ за да вежба во теретана, Мари држи светски рекорди во дигање тегови од 100 килограми, како и во дигање тегови на клупа од 50 и 125 килограми и за дигање тегови со чучњеви од 35 килограми.

– Сериозно тргнав во теретана пред десет години кога сфатив дека добивам многу на тежина – се сеќавам колку бев шокирана кога се погледнав во огледало и помислив: ‘Ова не сум јас’ – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


– Јас брзо ослабев, но за тоа време сфатив дека колку повеќе тренирам, толку сум посреќена. Имам 71 година и сум во подобра форма од кога и да било во животот. Изгледам и се чувствувам подобро отколку кога имав 40 години – објаснува таа.

– Разбирам зошто луѓето ми велат дека сум премногу стара за да кревам тегови. Понекогаш се прашувам зошто го правам тоа, но негативните коментари што ги добивам се ништо во споредба со бројот на луѓе кои ми кажуваат дека сум ги инспирирала. И тоа е она што ме води понатаму. Јас не сум просечна 70-годишна жена и немам намера да се откажам сега! – нагласи таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


Пензионерката Мари се обидела да посетува теретана на помлади години, но не почнала да го сфаќа сериозно тоа искуство се додека не наполнила 59 години, кога починала нејзината мајка. Таа вели дека поминала две години „тажно седејќи“ и дека во тоа време имала дури 80 килограми.

За една година изгубила скоро 22 килограми, а нејзиниот личен тренер Боби Калабрес и предложил да се занимава со кревање тегови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


Благодарение на два тренинга неделно за кревање тегови, плус кардио тренинг и општ тренинг за сила секој ден, таа била охрабрена да аплицира на паверлифтинг натпреварот во 2014 година, на 64-годишна возраст.

Мари се вљубила во кревање тегови и наскоро учествувала на меѓународни паверлифтинг натпревари двапати годишно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


Со Меѓународната асоцијација за паверлифтинг таа постигнала повеќе од 30 национални и светски рекорди во нејзината категорија и со нејзината возраст и тежина.

– Колку повеќе тренирав, толку повеќе уживав. Иако е потешко да се изградат мускули кога сте постари, јас го сакав секој момент од мојот напредок, гледајќи како мускулите на моето тело полека се дефинираат – изјави Мари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)


– Гледајќи напред, мојата цел е да продолжам да работам на себе – заклучи таа и додаде дека не сака да изгледа како просечна 70-годишна баба, бидејќи дефинитивно не се чувствува така, пишува Daily Mail .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Duffy (@mduff2404)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот