Фото: Twitter/ Anadolu BHSC

ФОТО | Авантура низ Азија: Млад пар со велосипеди тргнале на патување долго 15.000 километри

Двајца млади ентузијасти, кои живеат во Канада, тргнале на азиска авантура со велосипед, а моментално се во Билеџик, град во северозападна Турција, пренесува „АА“.

Овој необичен пар, со потекло од Филипините, 38-годишната економистка Данг Хуевос и 43-годишниот здравствен работник Дин Кунанан, имаат намера да возат со велосипед околу 15.000 километри, за да стигнат до Непал за време на нивната азиска турнеја.

Фото: Twitter/ Anadolu BHSC

Тие планираат да пвозат просечно по 60 километри дневно, а навечер да престојуваат во шатор. Во Билеџик биле пречекани од Хакан Јавуз, претставникот на велосипедското друштво „Билеџик“.

Дин Кунанан изјавил за „АА“, дека и претходно имале вакви подвизи, каде патувале низ светот со велосипед, додавајќи дека возеле околу 35 илјади километри во земјите од Латинска Америка. Тој истакнал дека по една година пауза, решиле повторно да се впуштат во нова велосипедска авантура.

Фото: Instagram/ Anadolu BHSC

„По Турција, сакаме следната година да патуваме низ земјите од Централна Азија и да ја завршиме турнејата во Непал, една од земјите од Јужна Азија. Планиравме да поминеме околу 15 илјади километри за време на нашата авантура“, изјави Кунанан.

Јавуз рекол дека ова не единствен случај, и дека нивното здружение било домаќин на повеќе од 210 странски велосипедисти од 34 земји во последните десет години.

Фото: Instagram/ Anadolu BHSC

„Од тука го продолжуваат патувањето кон Централна Азија. Овде ги среќаваме и им помагаме да го подигнат кампот“, рече Јавуз.

Фото: Instagram/ pedalling_slow

Младиот Дин, на својот Инстаграм профил повремено објавува фотографии од различни случувања и локации со кои се среќаваат во текот на нивните необични патувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот