Фото: Инстаграм/ crfashionbook

ФОТО | Анџелина Џоли со драматична трансформација на косата: Актерката го најави својот нов бренд на облека

Камелеонот за убавина, Анџелина Џоли го направи тоа повторно. Пионерката на темната женска енергија се појави со драматична трансформација на косата, која потсетува на Кери Бредшо од „Сексот и градот“, облечена во моделите на нејзиниот нов бренд за облека и „креативен колектив“, „Atelier Jolie“.

Една од најубавите актерки во светот, позираше за насловната страница на едицијата есен/зима 2024 на „CR Fashion Book“, а нејзината фризура која потсетува на кадрици во диско од 80-тите го привлече вниманието на обожавателите.

Фото: Инстаграм/ crfashionbook

Во интервјуто за насловната страница, актерката нашироко зборува за тоа што ја инспирирало нејзината одлука да лансира бренд за облека и надежта дека нејзиното најново поглавје ќе биде сфатено и прифатено како што го замислила, пишува „Гламур“.

„Мојата намера беше да изградам простор, дом, за луѓето да создаваат и да се инспирираат. Куќата е составена од уметници и дизајнери од целиот свет, а во срцето е поканата повторно да се вклучиме во дизајнот и да изградиме заедница“, рече Џоли во интервјуто.

Фото: Инстаграм/ crfashionbook

49-годишната актерка за потребите на снимањето ја замени својата препознатлива долга и права коса со локни, а нејзиниот изглед предизвика различни реакции. Имено, додека едни ја пофалија промената, други пишуваа дека е непрепознатлива.

„Мислев дека е Камерон Дијаз“
„Да не беше нејзиното име, немаше да ја препознаам“,
„Тој што ѝ ја направил косата трба да биде отпуштен“, се само дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот