ФОТО | Анџелина Џоли откри важна вест за ќерката Захара: Чест ми е што имам девојка „Спелман“ во семејството
Гордата мајка Анџелина Џоли на Инстаграм ја објави важната вест за нејзината ќерка Захара, а потоа беше видена како насмеана танцува со неа.
Препорачано
„Чест е да се има нова девојка Спелман како член на семејството. Захара со своите сестри Спелман“, напишала Анџелина Џоли (47) покрај фотографијата на Захара (17) со идните бруцоши на колеџот Спелман во Атланта.
Овој колеџ е највисоко рангираниот црнечки универзитет на национално ниво.
Анџелина им честитала на сите студенти кои како и нејзината ќерка наесен ќе започнат со факултет.
View this post on Instagram
Актерката која со поранешниот сопруг Бред Пит (58) ги има и близнаците Вивиен и Нокс (14), ќерката Шајло (16) и синовите Пакс (18) и Медокс (20) е многу заинтересирана за социјалната правда исто како и Захара, со која во декември 2021 година, во Вашингтон, помогнаа во законодавната борба против насилството врз жените.
View this post on Instagram
„Спелман“ е историски колеџ за либерални уметности за црни жени, кој има неколку значајни алумни, вклучувајќи ја авторката Алис Вокер, добитничка на Пулицерова награда и ѕвездата на „Козби шоу“, Кешиа Најт Пулиам.
А, во октомври 2021 година, Анџелина рекла за магазинот „Пипл“ дека нејзините деца се „одлични луѓе“. По објавувањето на одличната вест, Анџелина била видена како танцува со Захара во асоцијацијата за студенти на „Greater Los Angeles Morehouse“ и „NAASC“. Изгледала многу среќно, а во последно време ја гледаме одлично расположена.

ФОТО | Анџелина Џоли ги „облече“ децата во свои рециклирани фустани


