анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Анџелина Џоли можеби не е совршен родител, но сепак Бред Пит нема да добие права: одбиена е жалбата на Пит

Неодамна можевме да ја посведочиме појавата на Анџелина Џоли на црвениот килим заедно со децата кои ги дели со Бред Пит. Битката на оваа исклучително впечатлива двојка продолжува, па по расправијата за ден од имотот следно е расчистувањето на старателството. Но, тоа, за жал, не иде во прилог на Бред.

Надлежниот суд во Калифорнија ја надгласи дисфалификацијата на приватниот судија на апелациониот суд кој претходно одобри заедничко старателство помеѓу актерите.

анџелина џоли
Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Одлуката се однесува всушност на пет од нивните деца – Пакс (17), Захара (16), Шајло (15), и 13-годишните близнаци Вивиен и Нокс, и се навраќа назад на договорот кој двојката го има од 2018 година. Најстариот син, Медокс, кој има 20 години, може сам да донесе одлука за распоредот на своето време помеѓу родителите.

анџелина џоли
Фото: EFE/NEIL HALL

Како што тие растат, Анџелина станува сè повеќе свесна за сопствените грешки како мајка.

„Јас не сум перфектен родител по сите основи. Секој ден се чувствувам дека сум сè повеќе свесна за сè што не го правам добро. И јас сум многу груба кон себеси, затоа што често се чувствувам како „Дали го правам правилното нешто? Дали го реков вистинското нешто?““

Еден од клучните аспекти на родителскиот пристап е да ги гледаш децата како шест „многу индивидуални човечки суштества“, објасни Џоли, додавајќи дека таа е фамилијарен член меѓу нив, а не над нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот