ФОТО: Андриј Шевченко во Скопје, го следеше натпреварот меѓу Македонија и Украина

Андриј Шевченко доби македонски дрес од Муамед Сејдини/фото: ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини денеска му беше домаќин на Андриј Шевченко.

Поранешниот славен фудбалер и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Украина ги следи натпреварите од Елитната фаза квалификации за пласман на Европското првенство до 19 години.

Потсетување дека на стартот нашите фудбалски надежи загубија од Украина со резултат 2:0.

– Андриј е наш драг гостин. Заедно споделуваме искуства и на чести состаноци во УЕФА. Се заблагодари на гостопримството и на добрата организација на турнирот. Посакував престојот во Скопје да не мине резултатски позитивно за него, барем на првиот ден од натпреварите, но денешниот фудбал не простува грешки, а ние денеска наивно загубивме од Украина. Остануваме позитивни за преостанатите два меча од групата – кажа Сејдини.

Во второто коло, избраниците на селекторот Тони Јакимовски силите ќе ги одмерат со Швајцарија. Во вториот натпревар Украина ќе игра против Летонија.

фото: ФФМ
фото: ФФМ
фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот