У19: Македонија поразена од Украина на стартот од квалификациите за ЕП 2025

фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денеска во првото коло од групата „7“ на мини квалификацискиот турнир во рамките на Елитната рунда за пласман на Европското првенство 2025 загуби од Украина со 2:0.

Првиот гол украинските надежи на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје го постигнаа непосредно пред крајот на првото полувреме преку Кревсун (45+1`).

Противниците својот втор погодок го постигнаа на стартот од вториот дел благодарение на Пономаренко (48`).

Во 75 минута нашата селекција играше со фудбалер помалку поради двата жолти картони на Меличи.

МАКЕДОНИЈА У19: Петар Јакимов, Лорик Каба Јакупи, Андреј Аризанковски, Адриан Зенделовски, Зани Назифи, Валон Алији, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Мартин Ѓоргиевски, Анес Меличи;

Резерви: Даниел Марковски, Теодор Николовски, Хакија Цаноски, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Амир Нухија, Давор Серафимов, Давид Стојановиќ.

На натпреварот во Ѓорче Петров, селекцијата на Швајцарија ја оправда фаворитската улога и успеа да издвојува минимална победа над Летонија со 1:0. Вториот меч избраниците на селекторот Тони Јакимовски ќе го одиграат на 23 март против Швајцарија, а три дена подоцна е дуелот со Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот