ФОТО+ВИДЕО | Ана Бекута ја скршила раката, носи гипс, внуката ѝ помага да се облече
Српската пејачка на народна музика Ана Бекута денеска ја „уловиле“ на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а гипсот што го носела на раката ги изненадил сите.
Препорачано
Таа доживеала несреќа додека настапувала на приватна забава во престижен хотел во Белград.
Додека ги забавувала гостите со своите хитови, пејачката во еден момент доживеала несреќа, кога паднала и ја повредила раката.
Бекута била пренесена во медицинска установа, каде што наводно лекарите констатирале дека се здобила со скршеница. Раката и била ставена во гипс кој ќе треба да го носи следниот период.
Bekuta je prevezena u zdravstvenu ustanovu, gde su lekari navodno utvrdili da je došlo do preloma. Ruka joj je stavljena u gips, koji će morati da nosi naredni period.
Имено, пејачката ја скршила раката, но тоа не ја спречува да се занимава со секојдневните активности, а нејзината внука Соња и помогнала да ја облече јакната.
– Мала несреќа, се случува – изјавила пејачката за српски „Блиц“.
Пејачката потоа се упатила со Соња кон автомобилот, а по нив дошол внукот на пејачката, кој им помогнал со куферите.
Фотографиите од Ана на аеродромот можете да ги погледнете – ТУКА.


