Фото: Инстаграм/Александра Јанева

ФОТО | Александра Јанева ги објави првите фотографии од ќерката Тина: „Ти си доказ дека љубов постои“

Македонската пејачка Александра Јанева ги сподели првите фотографии од својата новородена ќерка Тина, само неколку дена по породувањето.

Јанева, која на 28 мај стана мајка за првпат, на Инстаграм објави серија нежни семејни фотографии на кои позира заедно со сопругот Иван Ангелов и нивната ќеркичка. На една од фотографиите малата Тина со своето раче го држи прстот на еден од родителите, момент што ги разнежни следбениците на пејачката.

Пејачката ја придружи објавата со емотивна порака: „Ти си доказ дека љубов постои. Цел наш свет собран во овие дланки.“

Фото: Инстаграм/Александра Јанева
Фото: Инстаграм/Александра Јанева

Веста за раѓањето на Тина пристигна само три дена по 31-от роденден на Јанева. Тогаш таа откри дека со сопругот добиле девојче, а сега за првпат ја сподели нивната семејна среќа и со јавноста.

Љубовната приказна на Александра Јанева: Бевме на три состанока и се прашувавме дали сме во врска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот