Љубовната приказна на Александра Јанева: Бевме на три состанока и се прашувавме дали сме во врска
Александра Јанева има необична љубовна приказна со сопругот Иван, со кого за неколку месеци ќе имаат дете.
Препорачано
Пејачката од Струмица, која важи за еден од нашите најдобри женски вокали, во поткастот „Естраден лексикон“ рече: „Бевме на три состанока и се прашавме: ‘Сега ние сме во врска или не сме во врска?’ Се запознавме на 1 јануари 2020 година. Неговиот другар е сопруг на моја другарка и двете друштва се собравме на кафе. Блиц-запознавање, ништо посебно, нели, сите сме на маса околу 15 луѓе. После останавме во контакт, но не комунициравме многу. Ми пиша една роденденска порака која баш имаше значење, карактер, емоции. Јас се изненадив, си велам: ‘Што е со човеков?’ Во август, осум месеци после тоа, да ми прати случајно слика од кинеско јадење… Прво не му верував дека е случајно, искрено, мислев дека е тотално намерно. И тука почна разговорот. Со денови комунициравме и не ни беше здодевно, туку некако се надополнувавме. После нормално следуваше состанок“, откри пејачката, која се омажи во август 2024 година.
Во 2023 година, Александра и Иван се свршија.
„Една година претходно живеевме заедно. И сѐ си одеше некако како по книга. Врска некое време, па живеевме заедно, па ме запроси“, рече Јанева и потсети дека свадбата ја правеле во Струмица.
Во 2025 година, таа и Иван се одлучиле за дете.
„Беше и време и посакувано, меѓутоа, нели, нормално никогаш не можеш да знаеш“, рече пејачката, која очекува ќерка.


