ФОТО | Александра Шијакоска со емотивна објава го одбележа првиот роденден на синчето: „Мама се бореше со животот само за тебе…“
Македонската инфлуенсерка Александра Шијакоска секогаш отворено ги споделува своите животни искуства, а особено со радост и многу емоции на социјалните мрежи таа објавува за нејзината најголема среќа – синчето Риан.
Препорачано
По борбата за својот живот, кога на само 29 години дозна дека има тумор на мозокот, Александра се оствари и во улогата на мајка. Сега, на првиот роденден на нејзиниот син Риан, таа сподели низа семејни фотографии и емотивна порака со која се присети на најтешкиот период од нејзиниот живот, но ја сподели и радоста што станала мајка.
На роденденската фотосесија, Шијакоска позира со синчето и сопругот Едмонд Весели.
View this post on Instagram
„Писмо до мојот син
Од мала замислував како ќе бидам мајка. Знаев дека тоа ќе биде исполнување на сите мои желби и соништа. Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка. Мислев дека си ја пропуштив шансата и дека ќе си заминам без да го почувствувам најубавото чувство на овој свет.
Но Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине. Го преживеавме и тоа, и многу други предизвици по патот, и еве не, денес сме тука. Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда за никогаш неизгубената верба, волја и сила. Сега имам само една желба, да бидам што подолго покрај тебе, да те сакам и да те научам што значи моќта на добрината.
Среќен прв роденден,
те сака мама“, напиша инфлуенсерката.
Да потсетиме, Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го изговорија судбоносното „да“ пред речиси две години, а токму на овој ден пред една година станаа родители на малиот Риан.
Интервју со Александра Шијакоска: За Велигден кај мене, за Бајрам кај Едмонд, сите празници се наши


