ФОТО | Адријана Лима прошета со гол труднички стомак: Манекенката одушеви со стомачните мускули

Фото: Профимедиа

Бразилската убавица неодамна откри дека чека машко бебе со Андре Лемерс.

А, во вторникот, супермоделот Адријана Лима го покажа својот труднички стомак додека чекореше по пистата на модната ревија на Александар Венг во Лос Анџелес.

Поранешната манекенка на „Викторија’с Сикрет“ (40) носеше црн фустан со необичен изрез на стомакот, во комбинација со чизми до бутовите.

Фустанот ја покажа целата раскош на бремената Адријана. Манекенката додека чекореше по пистата, и покрај поодминатата бременост, ги покажа извајаните стомачки мускули.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @magazin.high.society

Адријана, која објави дека е бремена со третото дете уште во февруари, во понеделникот преку Инстаграм откри дека таа и Андре чекаат момче.

Очигледно дека покажувањето на гол труднички стомак стана тренд, откако пејачката Ријана од почетокот на својата бременост го промовира својот труднички стил – колку што е можно поразголена.

ВИДЕО | Апсолутно симпатично: Адријана Лима го откри полот на бебето

ФОТО: Адријана Лима во прегратка со новото момче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот