25.8 C
Скопје

ФОТО: 3 најубави трендови за уредување на ентериерот – Целосно нов изглед на домот со минимална инвестиција!

Малите работи прават голема разлика, а не е задолжително тие секогаш да чинат многу…

На секој ентериер добро му доаѓа некоја промена. Дури и кога станува збор за некој мал детаљ, запаметете дека ситните нешта можат да направат голема разлика.

Освен тоа, често не сме свесни дека големите промени воопшто не мораат да чинат многу.

Ви претставуваме 3 трендови за уредување на ентериерот кои на секој дом ќе му подарат сосема нов изглед!

Сина боја

Фото: Инстаграм

Кралски сината боја е тренд на годината во секоја смисла, од облека до детали во домот. Доколку сте планирале да бојадисувате, осмелете се барем еден ѕид да го обоите во оваа впечатлива боја или пак внесете ја преку завесите, теписите или други впечатливи предмети.

Мега тапети

Фото: Инстаграм

Сега апсолутен хит се џиновските тапети кои покриваат еден цел ѕид, а со изгледот потсетуваат на фотографија. На вас ви останува само да ја изберете најубавата и просторијата целосно ќе се трансформира во секунда.

Урбана џунгла во дневната соба

Фото: Инстаграм

Сега имате уште еден изговор во куќата да „натрупате“ различни билки – тоа е во мода.

Поврзани вести

ФОТО | На падините под Јакупица со Тања Благоевиќ: Избрав да бидам чудо, како деца ни се и козите, билките, змиите, ластовичките…

Јасмина Кантарџиева Димков

Бајден, Путин и новата ера на информациската војна

ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

Анита Златкова

„Слободен печат“ во Амстердам: „Ноќна стража“ за Пандев

Слободен печат

Добро утро џезери

Ѓорѓе Краишник/Ослобоѓење

Остра реакција на Владимир Блажевски – Панчо за работата на локалите

Слободен печат

Остави Коментар