Формула 1: Макс Ферстапен на пол позиција во Бразил

Макс Ферстапен, возачот на „Ред Бул“/фото: EPA-EFE/Jose Mendez

Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен од „Ред Бул“ ќе стартува од пол-позицијата во Формула 1 трката за Големата награда на Бразил, откако беше најбрз во квалификациите. Холанѓанецот Ферстапен го имаше најбрзиот круг со време од 1:10.727 минути и со тоа стигна до 11 пол-позиција во сезоната.

Второто место во квалификациите го зазеде возачот на „Ферари“, Шарл Леклер, со заостанување од 0,294 секунди. Од третото место ќе стартува Ленс Строл од „Астон Мартин“, кој заостана 0,617 секунди.

Вториот возач на „Астон Мартин“ Фернандо Алонсо беше четврти, а Луис Хамилтон од „Мерцедес“ петти.

Меѓу првите 10 се најдоа и Џорџ Расел („Мерцедес“), Ландо Норис („Мекларен“), Карлос Саинц („Ферари“), Серхио Перез („Ред Бул“) и Оскар Пјастри („Мекларен“).

В сабота од 19.30 часот на програмата е спринтерската трка, а главната трка за Големата награда на Бразил ќе се одржи во недела со почеток од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот