Формула 1: Џорџ Расел со пол позиција за британското Гран при
Џорџ Расел најбрз во квалификациите за Големата награда на Британија. Формула 1 возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи минатиот викенд во Австрија, додека сега ја освои „пол“ позицијата на ГН на Британија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Домашниот возач постигна најдобро време во квалификациите на патеката Силверстоун, па во недела од 16 часот ќе има можност да ја оствари втората последователна победа.
Веднаш по него е неговиот клупски колега Луис Хамилтон, додека третото најдобро време го постигна уште еден Британец, Ландо Норис од Мекларен кој не успеа да ги повтори своите тренинзи, кога се чинеше дека е најбрз на патеката.
Зад првите тројца е шампионот Макс Верстапен (Ред Бул), додека во првите 10 се најдоа уште Оскар Пјастри (Мекларен), Нико Хилкенберг (Хас), Карлос Саинц (Ферари), Ленс Строл (Астон Мартин), Александар Албон (Вилијамс) и Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Шарл Леклер не стигна ниту до третата квалификациска сесија со своето Ферари и ќе стартува дури од 11 позиција, додека Серхио Перез (Ред Бул) повторно имаше проблеми и поради излетување од патеката ќе биде претпоследен на стартот на трката.


