Фон дер Лајен: Во ЕУ досега се искористени 100 милиони дози вакцини против ковид-19

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во Европска Унија дадени се 100 милиони дози вакцини против ковид-19.

– Во земјите-членки на ЕУ досега се испорачани повеќе од 126 милиони дози вакцини, а до денеска се примени 100 милиони дози, од кои над 27 милиони Европејци ја примиле и втората доза. Тоа се добри вести, истакна Лајен.

Претходно, Лајен најави дека ЕУ ќе го продолжи договорот со фармацевтската компанија „Фајзер,“ која произведува вакцини против ковид-19 до 2023 година и оти дотогаш ќе порача 1,8 милијарди дози вакцини.

ЕК најави продолжување на договорот со „Фајзер“ до 2023 година

Таа изрази целосна доверба во технологијата на „Фајзер“, која користи безопасен вирус, која за разлика од компаниите„ Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ вакцините ги произведуваат со вирусен вектор.

– Мораме да се фокусираме на технологиите кои добро се покажаа, посочи Лајен.

Вакцинацијата против ковид-19 во земјите-членки на ЕУ е забавена поради доцнење на испораката на вакцини, но и поради појавата на тромбоза кај лицата кои примиле вакцина на „Астра-Зенека“.

Претходно, медиумите објавија дека ЕК следната година нема да ги продолжи договорите за вакцини против ковид-19 со компаниите „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот