ЕК најави продолжување на договорот со „Фајзер“ до 2023 година
Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави дека Европска Унија ќе го продолжи договорот со фармацевтската компанија „Фајзер“, која произведува вакцини против ковид-19 до 2023 година.
Таа исто така посочи дека ЕК ќе нарача 1,8 милијарди дози вакцини до 2023 година.
Лајен изрази целосна доверба во технологијата на Фајзер, која користи безопасен вирус, која за разлика од компаниите „Астра-Зенека“ и „Џонсон и Џонсон“ вакцините ги произведуваат со вирусен вектор.
Мораме да се фокусираме на технологиите кои добро се покажаа, посочи Лајен.
Вакцинацијата против ковид-19 во земјите-членки на ЕУ е забавена поради доцнење на испораката на вакцини, но и поради појавата на тромбоза кај лицата кои примиле вакцина на Астра Зенека.
Претходно, медиумите објавија дека ЕК следната година нема да ги продолжи договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.