Архива на СП

„Фолксваген“ и „Стелантис“ се здружуваат за да не пропаднат, сакаат да ја спасат европската автомобилска индустрија

Директорите на „Фолксваген“ и „Стелантис“ заеднички испратија писмо до Европската комисија за да ја спасат европската автомобилска индустрија. Тие сакаат исти услови за продажба на возила во Европската Унија и насочување на парите на даночните обврзници кон нови инвестиции.
Во отвореното писмо извршните директори на двете најголеми европски автомобилски корпорации бараат компромисно решение за спасување на европската автомобилска индустрија. Писмото го потпишаа извршниот директор на Stelantis (Citroen, Peugeot, Alfa Romeo, Chrysler, Dodge, DS, Fiat, Jeep, Lancia, Opel, Maserati, Ram и Vauxhall) Антонио Филоса и извршниот директор на Volkswagen Group (Volkswagen, Audi, Skoda и Seat) Оливер Блуме, пишува „Electrive“ .

Тие решија да преземат радикален чекор со ова отворено писмо поради низа регулативи на Европската комисија, поради кои европската автомобилска индустрија западна во големи проблеми поради „агресивната“ конкуренција, пред сè од Кина. Тие предупредија дека автомобилската индустрија во Европа се соочува со неуспех доколку не се направат системски промени. Во отвореното писмо батеријата се наведува како клучна точка на системот. Европските производители со години инвестираат милијарди во развој на батерии, но конкуренцијата од Азија, според нив, има поблаги прописи во нивните земји.

„Фолксваген“ и „Стелантис“ нудат како решение два принципа врз кои се темели стратегијата за решавање на системски проблеми.  Првиот е секој што продава автомобили на клиенти во Европа мора да ги произведува под исти услови како во Европската Унија, парите на европските даночни обврзници мора да се користат на целен начин за зајакнување на производството и привлекување инвестиции во земјите членки на Европската Унија. Исто така, тие бараат да се воспостават одредени привилегии за автомобили произведени во Европа. Особено, тие предлагаат предност за национални субвенции и јавни набавки.

Авторите на писмото имаат уште еден предлог, во врска со бонусот за CO2. Тие ѝ предлагаат на Европската комисија секое електрично возило, кое се произведува во Европа, да добие олеснување при пресметката на емисиите на јаглерод диоксид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот