„Фолксваген“ ги запира испораките на возила во Америка

Германскиот автообилски гигант „Фолксваген“ воведе привремено запирање на железничките испораки на автомобили од Мексико и Европа во САД, а поради новововедените увозни давачки на администрацијата на Доналд Трамп, пренесе денеска „РБЦ“ повикувајќи сè на службена белешка на компанијата до авто-дилерите.

Трамп вчера објави опширни мерки за увоз на стоки во САД. Воведени се основни тарифи од 10 отсто за целата увезена стока. Тарифата за Европската унија е зголемена на 20 отсто, додека за Мексико и Канада на 25 отсто, а за Кина на 34 отсто.

Според изданието, цените на автомобилите „Фолксваген“ во САД можат да скокнат значително. Компанијата има намера во цената на возилата да ги додаде и трошоците за плаќање на 25-процентната давачка. Во САД во фабриката во Тенеси, „Фолксваген“ ги произведува електричните кросовери „ID.4“ и теренските модели „Атлас“. Моделите како „ID.Buzz“ и „Голф“ се увезуваат од Европа, додека „Тигуан“, „Таос“ и „Џета“ се испорачуваат од Мексико.

Се истакнува дека германските производители на автомобили се меѓу најнастраданите компании од новите давачки на Трамп за увоз на автомобили. Високата побарувачка за профитабилни кросовери и бавниот премин на потрошувачите во САД кон електрични возила го прават овој пазар многу профитабилен за такви компании како „Мерцедес-Бенц“ и „Порше“.

Дел од американските медиуми јавија дека „Мерцедес“ веќе размислува за повлекување од продажба во САД на своите најдостапни модели, се смета дека со новите давачки нивната продажба овде би била економски непрофитабилна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот