Фленсбург со совлада Пик Сегег, реми на ПСЖ во Норвешка

ПСЖ не успеа да победи на гостувањето кај Елверум/фото: EPA-EFE/Geir Olsen

Ракометарите на Фленсбург славеа со 25:21 над Пик Сегед во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Унгарскиот тим беше конкурентен само во првите 15-тина минути од натпреварот кога имаше 6:6 по што ракометарите на Фленсбург ја презедоа контролата на резултатот. Прво со мини серија од 3:0 поведоа со 9:6, а потоа со нова серија од 4:0 во финишот од првиот дел дојдоа до плус шест (13:7) и ги решија дилемите околу победникот.

Во вториот дел, гостите успеаја само да намалат на 18:16, а потоа и на 21:19, но тоа беше се што направија, домашниот тим со нова мини серија од 3:0 поведе со 24:19 и ја обезбеди победата. Хампус Ване со пет гола беше најдобар кај Фленсбург каде се истакна и Јоханес Гола со четири гола, додека кај Пик Сегед, Гарсијандиа Алустиза Иманол постигна пет гола.

Екипата на ПСЖ не ја оправда улогата на фаворит против Елверум и на гостувањето во Норвешка одигра 30:30. Херој на домашниот тим беше Ерик Јохансон кој израмнувачкиот гол го даде во последната минута од натпреварот.

Во текот на целиот натпревар „светците“ имаа предност, најчесто од 1-2 гола, додека на стартот од вториот дел таа се зголеми и на пет гола (15:20), но ракометарите на Елверум успеаја со пожртвувана игра да ја анулираат предноста на ПСЖ и во последната минута преку Јохансон да се спасат од пораз. Томас Алфред Солстад со девет гола беше најпрецизен кај Елверум, додека херојот Јохансон даде седум гола, а кај ПСЖ блескаше Камил Сипжак со 12 постигнати голови, а Лукас Стеинс даде седум.

Видео на денот