Фото: vfmkd.org.mk

Финалето меѓу Штип УГД и ГОК Борец ќе стартува на 16 април

Финалната серија од плејофот во машкото одбојкарско национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари.

Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026 пред десетина дена во Скопје, а сега одново влегуваат во „судир“ за нов трофеј – шампионскиот.

Во договор со националниот сервис, кој ќе врши директен пренос на финалните натпревари, серијата „подобар од пет“ ќе се „движи“ во термините понеделник и четврток.

Штип УГД е освојувач на Купот на ОФМ 2026 и во финалето влегува со амбиција за обединување на круните, додека ГОК Борец по пауза од три години, повторно ќе се бори за првиот шампионски трофеј од осамостојувањето на Македонија.

ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈОФ МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

1.НАТПРЕВАР (16.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

2.НАТПРЕВАР (20.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)

3.НАТПРЕВАР (23.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

4.НАТПРЕВАР (27.04.2026) – ГОК Борец – Штип УГД (Велес)

5.НАТПРЕВАР (30.04.2026) – Штип УГД – ГОК Борец (Штип)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот