Филиповска – Грашкоска: Угостителските објекти во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат владините мерки

Претседателката на инспекцисиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска информираше за инспекциските надзори за период од 2 до 5 април извршени од страна на шесте државни инспекторати.

-Во периодот од 2 до 5 април се направени 3.908 инспекциски надзори. Иако општата констатација е дека поголемиот дел ги почитуваат владините мерки, за жал еден дел од угостителските објекти посебно во руралните средини продолжуваат да ги прекршуваат мерките.

Во таа насока најголемиот дел од 3.233 контроли спроведени од државниот пазарен инспекторат се однесуваат на работењето на усгостителските објекти, а 423 контроли на замрзнатите цени на одредени производи.

При вршењето на надзорите се затворени 48 угостителски објекти во повеќе градови низ државата. Државниот пазарен инспекторат ги контролираше кафематите на бензиските пумпи и на други локации и се забранети 215 кафемати за употреба.Во овој период се забележани помал број на зголемување на цените, особено на цитрусните овошја.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРСМ: Колку чини еврото денеска?

Од страна на АХВ се спроведени 208 надзори и тоа во маркети, угостителски објекти, месари, зелени пазари и производствени објекти, изречени се две глоби, едната за непочитување за претходна наредба издадена од инспектор, а другата е изречена поради држење на производ без декларација.
Изречени се 7 мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и 15 решенија за месарници и маркети за општа лоша хигиенска состојба. Од АХВ се апелира да не ги користат кафематите и апаратите за вода, бидејќи се можен преносител на коронавирус.

Државниот инспекторат за транспорт направи 70 надзори. Констатирано е дека меѓуопштинскиот сообраќај е намален за 90 отсто. Во однос на меѓународниот линиски превоз, истиот е во целосен прекин.

Прочитајте и...  Бројот на заразени од ковид-19 во светот надмина 40 милиони

Од Агенцијата за лекови и медицински помагала се извршени 41 контрола, утврдено е дека нема специфични отстапувања.

Државниот инспекторат за труд реализираше 290 контроли, донесени се 1 решение и 13 укажувања за работодавачи кои не ги почитувале мерките и препораките на Владата.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведе 66 надзори и издаде 164 дозволи за професионални возачи, дозволи кои се неопходни за непречено одвивање на транспортот во време на епидемија на Ковид-19, изјави Филиповска – Грашкоска.

Поврзани вести

Хрватска: 890 новозаболени од ковид-19, починати 8 лица

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев и директорката на Институтот Јованова-Грујовска на научната конференција за македонскиот јазик

Слободен печат

Хуманитарен концерт: Интернационална екипа ќе свири за помош на колегата Игор Пармаковски

Слободен печат

Весковски: Водоснабдувањето е нормализирано, ваков дефект се појавува еднаш на 10 години

Слободен печат

Кинеските супер богаташи и во пандемија го зголемија богатството и во време на пандемија

Илинка Иљоска

Полициски час е на сила од денес во Словенија

Илинка Иљоска

Остави Коментар