Филипче: „Мој термин“ ќе има клучна улога во процесот на имунизација против ковид-19, имаме залихи од Ивермектин и Клексан

Системот „Мој тремин” ќе ја има клучната улога во спроведување на вакцинацијата, која според најавите на министерот за здравство Венко Филипче треба да започне во февруари.

– Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин”. Во првата група се здравствените работници кои работат со ковид пациенти, потоа вработените во лабораториите, каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓани над 70 години кои се ризична група согласно нивните хронични дијагнози, рече Филипче во интервју за ТВ21.

За вакцините, тој вели дека точно знаат каде ќе се чуваат, без разлика дали е вакцина на „Фајзер” која се чува на -70 степени или станува збор за останатите вакцини.

Тој вели дека има на залиха од лековите Ивермектин и Клексан. Посочи дека е зголемена побарувачката за Клексан, но оти постојано ги зголемуваат и залихите.

Во однос на работата на угостителските објекти, Филипче рече дека ќе почекаат да видат како ќе се одвиваат работите оваа недела со малку продолженото време и врз основа на тие резултати ќе се носат нови препораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот