Филипче: Цените за лекување на коронавирус во приватните клиники предлагаме да се движат од 40.000 до 305.000 денари

фото Архива

Поднесен е предлог Законот за здравствена заштита, со кој се планира да се намалат цените на лекување на коронавирус во приватните клиники, со што ќе  станат достапни за мнозинство граѓани во нашата земја, се огласи министерот за здравство Венко Филипче на својот профил на фејсбук.

-Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување. Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19. Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пациенти во приватните болници. Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, вели Венко Филипче во својата фејсбук објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот