Филип Талески: Некои работи понекогаш излегуваат од контрола, но не заслужив пендрек

фото: Денис Дуковски/РК Вардар 1961

Финалето во ракометниот Куп на Македонија кое се одржа во салата „Билјанини извори“ во Охрид му припадна на Вардар 1961 по победата над битолски Еурофарм Пелистер, а црна дамка по завршувањето на натпреварот остави инцидентот кога без никаква причина полициски службеник со пендрек го удри нашиот репрезентативец Филип Талески, играчот на скопските „црвено-црни“.

Левиот бек на Вардар 1961 само имаше намера во големата турканица да ја смири тензијата на паркетот која се создаде меѓу неколку ракометари од двете екипи, но со ништо не заслужи удар со пендрек.

– Како спортист мислам дека е добро што во Македонија има дерби како ова. Сепак, некои работи понекогаш излегуваат од контрола. Навистина не знам како е можно од полицаец да добијам удар со пендрек. Не направив ништо за тоа да го заслужам. Во шок сум, како и целата ракометна јавност во Европа. Тие сцени го обиколија целиот ракометен свет. Добив многу пораки за поддршка. Исто така, верувам дека надлежните органи ќе си ја завршат работата во овој случај. Верувам дека такви работи нема да се случуваат во иднина – изјави македонскиот репрезентативец за lobsport.me

И додека Вардар го освои Купот, на другата страна Еурофарм Пелистер, на крајот од сезоната на две кола пред крајот има три бода предност во првенството. Клубот од Битола е на најдобар пат да ја освои 15 шампионска титула, а прва од 2005 година.

– Најважно е што победивме и што Вардар зеде барем еден трофеј и оваа сезона. Покажавме дека имаме карактер и дека поседуваме шампионски дух. На крајот на краиштата, ова е клуб кој двапати беше европски шампион. Беше тешка и долга сезона за нас, немавме долг ростер и тоа е главниот проблем. Остануваат уште две кола до крајот. Ако Пелистер ја освои титулата, а вистината е дека тој е поблиску до неа од нас, треба да им се честита – се зборовите на Талески.

ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

Ударот кон Талески е удар врз целиот македонски спорт!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот