Фото: vfmkd.org.mk

Филип Маџунков ќе игра за белгиски Лувен во ЦЕВ Лигата на шампионите

Членот на најдобрата македонска одбојкарска репрезентација, средниот блокер Филип Маџунков по една сезона во редовите на матичниот клуб, Струмица 47&72 повторно се враќа на интернационалната сцена и тоа во позната средина, во тимот на белгиски Лувен.

Нашиот одбојкар и клубот се обврзаа на соработка до крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Маџунков ќе биде значајно засилување за Лувен како во белгиското првенство, каде што екипата во моментов е на втората позиција, така и во ЦЕВ Лигата на шампионите, каде тимот во групната фаза ќе се соочи со италијански Лубе Цивитанова, Монпеље од Франција и полска ПГЕ Варшава.

Средниот блокер денеска ќе и се приклучи на екипата и ќе стартува со тренажен процес, додека дебито за ново-стариот клуб треба да го има претстојниот викенд.

Маџунков покрај дресот на Струмица на домашна сцена бил играч и на Вардар, додека интернационалната кариера ја градеше со настапи во националните првенства на Црна Гора, Италија, Германија, Хрватска, Полска и сега повторно Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот