Роберт Фицо / Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Фицо се закани со вето: Словачка ќе ги блокира сите одлуки на ЕУ за плаќање воена помош за Украина

Словачкиот премиер Роберт Фицо изрази и поддршка за „мировните иницијативи“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Словачкиот премиер Роберт Фицо напиша во објава на социјалната мрежа „Икс“ дека нема да ја поддржи иницијативата на Европската комисија за обезбедување заем за репарации за Украина од замрзнатите руски средства, доколку тие пари бидат наменети за одбранбени потреби.

Фицо потврди дека испратил официјално писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое предупредил дека Словачка има намера да ги блокира сите одлуки на ЕУ поврзани со финансирање на воената поддршка за Украина во периодот 2026–2027 година.

Тој наведе дека се води од својата „мировна политика“ и дека нема да гласа за издвојување средства за војната бидејќи е убеден дека конфликтот во Украина „нема воено решение“. Воедно Фицо ја критикуваше стратегијата на ЕУ за помош на Киев, оценувајќи ја како „погрешна и неефикасна“.

Шефот на словачката Влада изрази и поддршка за „мировните иницијативи“ на американскиот претседател Доналд Трамп.

Словачка ќе ја тужи ЕУ поради планираното исклучување на испораките на руски гас

Според Фицо, користењето на руските средства за одбранбени цели би можело да ги загрози американските планови за повоена обнова на Украина. Дополнително, тој ја критикуваше Украина, спомнувајќи „корупциски скандали“ и, според него, штетното прекинување на транзитот на гас за Словачка.

Политичарот нагласи дека неговата влада останува „одговорен партнер“ во хуманитарната сфера, особено преку прифаќањето на околу 200.000 украински бегалци и преку работа на инфраструктурни проекти, и повторно ја потврди поддршката за членството на Украина во ЕУ. Сепак, тој предупреди дека меѓу земјите членки расте скепсата околу брзото напредување на Киев кон Европската Унија.

Во меѓувреме, Будимпешта планира да формира антиукраински сојуз со Словачка и со Чешка, со цел координација на заеднички позиции и настап со единствен фронт на состаноците и самитите на Европската Унија.

ЕУ ги замрзна милијардите на Русија на неопределено време од страв Америка да не ги земe

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот