ФФМ следната недела ќе ги одреди екипите кои ќе играат во Европа, настапот на Вардар неизвесен поради милионскиот долг

фото: ФК Вардар

По одлуката на Управниот одбор на ФФМ по најновите случувања со позитивни фудбалери на коронавирус во Шкендија и во Ренова да стави крај на сезоната и да не прогласи шампион, во наредната недела ќе бидат одредени и екипите кои ќе играат во европските купови.

Најголем губитник најверојатно ќе биде најтрофејниот македонски клуб, Вардар, бидејќи освен што остана без 12. титула поради прекинот на првенството, виси неговиот настап во квалификациите за Лигата на шампионите поради долгот од два милиони евра.

Доколку во наредните неколку дена не се пронајде експресно решение за подмирување на милионскиот долг, Вардар втора сезона по ред нема да игра во европските купови бидејќи нема да добие дозвола од комисијата за лиценцирање.

Ако остане без евро-лиценца, местото на Вардар ќе го зазеде второпласираниот тим до прекинот на првенството, Силекс, додека Шкендија, Ренова и Македонија ЃП би играле во квалификациите за Лигата на Европа.

Конечниот збор за екипите учесници во европските купови ќе го даде комисијата за лиценцирање и тоа наредната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот