ФФМ: Цената на билетот за натпреварот Бугарија – Македонија е 600 денари

Македонските навивачи имаат можност да ги бодрат македонските фудбалери во Разград/Фото: ФФМ

Поддржувачите на македонската А репрезентација кои сакаат ја бодрат нашата селекција на натпреварот Бугарија – Македонија во Разград на 2 јуни од Лига на нации, од денеска (26 мај 2022), можат да купат билети за мечот на стадионот „Хувефарма“ преку официјалниот партнер на ФФМ за продажба на билети, MKTikets.

Цената на билет за натпреварот е 600 денари (вклучено ДДВ и достава). Тука ЛИНК за купување на билети за натпреварот Бугарија – Македонија

Продажбата ќе трае до понеделник (30 мај 2022). Своите билети за натпреварот, купувачите ќе ги добијат во вторник (31 мај 2022), преку карго достава на адресата која ја имаат наведено при електронското купување на билетите.

Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со пополнување на бараните податоци за идентификација (име и презиме, датум на раѓање, број на пасош, контакт телефон).

Сите билети кои Фудбалската федерација на Македонија има можност да ги понуди за продажба на македонските навивачи се во секторот на стадионот определен за гостинските навивачи.

Се повикуваат сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови на отворањето на новото издание од Лига на нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот