МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“

Фестивалот „Војдан Чернодрински“ отвори повик за нови, необјавени драмски текстови

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи на јубилејното, 60-то издание на Фестивалот, во јуни 2026 година.

Со оригинални и неизведени драмски текстови на повикот на Фестивалот може да се пријават сите драмски автори во земјава. Како што информираат од овој единствен национален театарски фестивал, авторите треба да достават биографија, до 150 збора, кратко резиме на драмата, а и целосен текст, како и мотивационо писмо и да проследат лични податоци за контакт.

Пријавите се испраќаат на e-пошта: [email protected], со назнака „Пријава за Драмолетање 2.0“,со име и презиме на авторот и наслов на драмата. Рокот за пријавување е до први март 2026 година. Резултатите од повикот ќе бидат објавени на веб-страницата на Фестивалот – www.mtf.com.mk, најдоцна до 15 мај 2026 година, информираат од Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Успешното прво издание на форумот “Драмолетање“, на последното издание на Фестивалот во Прилеп, овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови.

-Продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на авторите со театарските институции и продукции, велат од МТФ „Војдан Чернодрински“.

Инаку, пичинг-форумот ќе се одржи за време на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, на 13 и 14 јуни наредната, 2026 година. Апликациите ќе бидат оценети од стручна комисија која ќе одбере драми врз основа на нивната оригиналност, релевантност и продукциски потенцијал. Избраните автори ќе имаат можност да учествуваат во менторска подготовка за својата презентација, да ги претстават своите драми пред стручна публика, режисери, драматурзи и продуценти, како и да воспостават контакти за понатамошна продукциска реализација, објаснуваат од МТФ „Војдан Чернодрински“.

Како резултат на „Драмолетање 1.0“, неодамна Фестивалот издаде и книга во која се четири драми избрани на првото издание на „Драмолетање“. Изданието е достапно електронски на веб-страницата на Фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот