Фереро го боли разделбата со Алкараз: Вакви односи не се прекинуваат преку ноќ…
Хуан Карлос Фереро кој до неодамна беше тренер на Карлос Алкараз, првпат јавно проговори за причините за ненадејниот прекин на нивната долгогодишна соработка, откривајќи дека клучно било недоразбирањето околу договорот. Фереро го презеде Алкараз уште кога имаше само 15 години, а нивната заедничка работа го однесе денес 22-годишниот Шпанец до самиот врв на светскиот тенис, освојувајќи шест грен-слем титули и првото место на АТП-листата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Информацијата за разделбата предизвика изненадување во тениската јавност и отвори бројни шпекулации.
„Имаше одредени прашања околу кои не се согласувавме. Можеби можевме да ги решиме доколку седневме и разговаравме, но тоа не се случи и на крајот одлучивме да не продолжиме заедно“, изјави Фереро за шпанска „Марка“.
Искусниот тренер потенцираше дека причините за прекинот не се од финансиска природа, а на својот поранешен ученик му посака многу успех во продолжението од кариерата.
Алкараз на претстојниот Австралија опен ќе настапи со нов главен тренер, Самуел Лопез.
Фереро откри и дека веќе добил неколку понуди за нов ангажман, но нагласи дека во моментов му е потребна пауза.
„Искрено, тешко ми е. Вакви односи не се прекинуваат преку ноќ и потребно е време за еден вид тагување. На Карлос му посакувам сѐ најдобро“, порача поранешниот освојувач на Ролан Гарос и некогашен светски број еден.
Преземено од: Спорт.ком.мк


