Федерер повеќе не е толку моќен на трева, испадна на турнирот во Хале

epa09276703 Roger Federer of Switzerland reacts after losing his round of 16 match against Felix Auger-Aliassime of Canada at the ATP Tennis Tournament Noventi Open in Halle (Westphalia), Germany, 16 June 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Швајцарецот е запрен во четвртфиналето на еден од омилените турнири на трева покрај Вимблдон и тоа од младиот канадски тенисер Феликс Оже-Алиасим.

Рожер Федерер кој годинава по пауза од 13 месеци се врати на тениските терени се обидува да ја избруси формата пред настапот на неговиот омилен турнир, Вимблдон, но работите не се одвиваат во посакуваната насока.

Федерер кој на Ролан Гарос одигра два меча на кои победи и потоа се повлече од грен слем турнирот во Париз, предвреме го заврши настапот и на генералната проба пред Вимблдон.
Швајцарецот е елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хале каде ја бранеше титулата од 2019 година и тоа од Феликс Оже-Алиасим во три сета и тоа со 4:6,6:3,6:2.

Оже-Алиасим кој е точно 19 години помлад од Федерер (и двајцата се родени на 8 август) по четврти пат успеа да победи тенисер од Топ 10 на ранг листата, а за прв слави над својот идол.
– Фантастична победа, ова не го очекував. Нормално дека на секој меч доаѓате со желба за победа, но Рожер е мојот идол. Голема чест за мене и што играв против него и што успеац да го победам. Ова е нешто што ќе го паметам целиот живот – изјави Оже-Алиасим кого во полуфиналето го очекува дуел со подобриот од мечот помеѓу Јан Ленард Штруф и Маркос Џајрон.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот