EPA-EFE/MAST IRHAM

Федерер и Надал на удар на новинарите: Ако сакаш интервју мора да прашаш за спонзорите

Двајцата најомилени тенисери на денешницата се најдоа на удар на новинарите.

Рожер Федерер и Рафаел Надал се двајцата најомилени тенисери за навивачите, но состојбата е сосема поинаква кај новинарите. Бидејќи се тениски супер ѕвезди, новинарите тешко успеваат да дојдат до интервју, а тие кои ќе успеат се чувствуваат како да добиле премија на лотарија.

Но, овој пат, Федерер и Надал се најдоа на удар на спортските новинари. Колумнистот на „The Sydney Morning Herald“, Грег Бом упати лавина негативни коментари на сметка на првиот тенисер на денешницата.

„Рафа можеби е добро момче, а можеби и не е. Никогаш не сум го запознал лично. Имав можност овој викенд пред Австралија Опен, ми беше понудено да направам интервју со него. Успеав преку „врски“ да добијам можност за 10-минутно интервју, максимално 15 минути. Прашањата мораше да ги пратам однапред, а едно од нив би требало да биде за патното осигурување кое го спонзорира Надал. Не би ме зачудило доколку би ми побарале да го предадам и својот нотес, телефон и секоја работа која можеби би ја сокрил. Тоа не е се, оваа приказна би морала да носи слоган кој ги вклучува спонзорите на Надал. Тука ништо не е спорно, но проблемот е што тоа мораше да содржи 50 зборови, а тоа е цел пасус“, пишува Бом во својата колумна за весникот.

На новинарот не му е јасно дали самиот тенисер е запознаен со ваквите работи кои ги прави неговиот ПР тим, бидејќи Надал е премногу голем и важен тенисер за да биде обичен пион во оваа игра.


Понатаму во текстот, Грег Бом потсетува дека ништо подобар не е ниту Рожер Федерер. Тој пишува за приказната на новинарката Клои Хупер која во 2014 година правела кратко интервју со Федерер. Таа открика дека менаџерите на Федерер и кажале “Имаш само пет минути. Дали би можела да вметнеш прашање за Moet?

Хупер се согласила и го запрашала Федерер: Дали пиеш шампањ?
„Во некои моменти сакам да прославам. Кога бев помлад трчав од едната кон другата страна, а сега се обидувам да уживам во моментите. Не само на теренот туку и кога сум со пријателите. Секогаш има за што да се прослави и тогаш отворам шише „Moet et Chandon“.


Потоа новинарката сакала да го продолжи интервјуто но веднаш била попречена од менаџерите со зборовите „Имаш само уште една минута. Можеби би можека уште еднаш да го спомнеш Moet, можеби би можеле да зборувате за бербата од 2004 година и зашто таа му е специјална“.

На ова прашање Федерер имал подготвен одговор: „Тогаш станав најдобар тенисер на светот. Тој шампањ го отворам секој пак кога нешто специјално ќе ми се случи, тој е мојот најомилен шампањ“.


Откако ја напиша колумната, многумина спортски новинари се огласија и ја потврдија оваа приказна, а најдиректен беше новинарот Грег Смит кој рече: Секоја чест што не го загризавте овој мамец. Тие манипулираат со медиумите! Што се однесува до Надал и неговиот тим: Hasta la vista.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот