Федерер ги откри своите спортски идоли

фото: instagram

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роже Федерер додека растеше имаше неколку спортски идоли, но само двајца се тенисери, големите ривали од 1980-тите години, Борис Бекер и Штефан Едберг.

– Мојот идол додека растев беше Мајкл Џордан, заедно со Борис Бекер и Штефан Едберг. Но, Мајкл беше најголемиот идол и човекот со кој се поистоветував. Нормално Мухамед Али правеше неверојатни работи, исто како и Тајгер Вудс. Сите тие правеа неверојатни работи и постојано се угледував на нив, тие ми беа инспирација. Ги гледав како доминираат со години и го правеа тоа што не можеше да се смета како вообичаено – вели Федерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот