Федерер е поразен на првиот натпревар на земја по 712 дена
Швајцарецот не успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Женева откако со 2:1 во сетови загуби од Пабло Андухар.
Во првиот натпревар на земјени терени по пауза од 712 дена, Рожер Федерер загуби со 6:4,4:6,6:4 од шпанскиот тенисер по 114 игра. Нареден противник на Андухар ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Доминик Штрикер и Мартон Фучович.
Ова беше трет меч за Федерер оваа година, претходно одигра два дуели во Доха каде прво го победи Даниел Еванс по што загуби од Николос Басилашвили.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Андухар подобро го отвори мечот, првиот сет го доби благодарение на брејкот кој го направи во десеттиот гем откако претходно и двајцата тенисер беа сигурни на свој сервис.
Во вториот сет, Федерер возврати со иста мерка, направи брејк во третиот гем и потоа успеа да ја сочува предноста за израмнување во сетови.
Pablo spoils the Swiss party ?
Pablo Andujar wins the last four games to defeat Federer 6-4 4-6 6-4 in his first match back on clay since 2019 in Geneva pic.twitter.com/NqIUmzqBtu
— Tennis TV (@TennisTV) May 18, 2021
Но, во третиот сет Швајцарцот направи многу грешки кои Андухар знаеше да ги искористи и со освојување на последните три гема дојде до 6:4 што значеше негова победа.
Актуелен шампион на турнирот во Женева е Александар Зверев кој во 2019 година во финалето го победи Николас Жари додека минатата година, турнирот не се одржа поради пандемијата на коронавирусот.


