Фатени во лага: Надбискупот од Кентбери откри кога навистина се венчани принцот Хари и Меган Маркл

Profimedia
Фото: Профимедиа

Надбискупот од Кентбери, Џастин Вилби, го прекина молкот во врска со наводите на брачната двојка искажани во интервјуто со Опра Винфри и го отфрли тврдењето дека војводата и војвотката од Сасекс ги венчал на тајна церемонија пред големата јавна венчавка во дворецот Виндзор.

Принцот Хари и Меган Маркл меѓу тврдењата што ги изнесоа во интервјуто, беше и она за нивната тајна венчавка во дворот, само во присуство на надбискупот. Но, 65-годишниот Вилби, кој е на промотивна турнеја за својата нова книга „Реобмислување на Велика Британија: Темели за надеж“, во вторникот за италијанскиот весник „Ла република“ изјави дека легалната венчавка била на 19 мај.

Фото: Профимедиа

На прашањето дали навистина ги венчал Хари и Меган три дена пред службената венчавка, одговорил дека со нив имал многу приватни и службени состаноци пред венчавката, но легалното венчавање било во саботата,19 мај.

– Го потпишав венчалниот лист кој е правен документ и ќе направев тешко казнено дело да го потпишев знаејќи дека е лажен. Можеш да правиш што сакаш, но правно издржана венчавка имаше во саботата – изјави тој и додаде дека нема да открива што друго се одвивало на нивните состаноци.

Околу тврдењата на Меган и Хари веднаш се појавија сомнежи, делумно и затоа што за законски брак во Велика Британија се потребни два сведоци.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Двојката, која во целост е разрешена од своите кралски должности, минатата недела реагираше и ги повлече изјавите за приватната венчална церемонија.

– Двојката разменила лични завети неколку денови пред службената легална венчавка на 19 мај – претходно изјави нивниот портпарол за американскиот портал „Дејли бист“.

Размената на завети во двор не се смета за брак. И покрај тоа, кога Меган во текот на интервјуто со Опра го кажа тоа, Хари додаде дека биле „само тие тројца“.

Портпаролот од надбискупската канцеларија минатата недела изјави дека не коментира лични или свештенички прашања, но во расправата околу ова прашање се вклучиле и други свештеници.

Главниот свештеник Марк Едвардс рекол дека ја контактирал надбискупската канцеларија за да ги разјасни работите околу тие тврдења, а вработен му одговорил дека „Џастин не прави приватни венчавки“.

Фото: Профимедиа

– Меган е Американка и не разбира. Џастин приватно разговарал со нив во дворот во врска со венчавката. Но, ве уверувам дека никаква венчавка не е одржана пред националниот настан на телевизија – објаснето му е на Едвардс од надбискупската канцеларија.

Самиот надбискуп за тоа не сакал порано да зборува иако се зголемувал притисокот на него да ги отфрли тие тврдења. Иако неговите коментари категорично не ја негираат приватната церемонија, отфрлаат секакви сомнежи за тоа каде и како Меган и Хари службено и по закон се венчани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот