Фановите заплакаа: Екипата од серијата „Беверли Хилс“ на емотивен начин се збогуваше со Лук Пери (ВИДЕО) – Слободен печат
ЕспресоМагазинФилм и ТВШоу биз

Фановите заплакаа: Екипата од серијата „Беверли Хилс“ на емотивен начин се збогуваше со Лук Пери (ВИДЕО)

Во ова остварување го нема Лук Пери, легендарниот Дилан, кој почина оваа година од последици од мозочен удар.

Серијата „Беверли Хилс“ после повеќегодишната пауза која трае од деведесетите продолжува да се снима, и тоа со старата екипа. За жал, во ова остварување нема да биде Лук Пери, легендарниот Дилан, кој почина оваа година од последици од мозочен удар.

Екипата на „Беверли Хилс“ на емотивен начин се прости од познатиот американски актер, поточно со емотивна снимка.

Имено, на неа се гледа како Џени Гарт, која го толкува ликот на Кели Тејлор и Тори Спелинг, која го игра ликот на Дона Мартин, гледаат една од сцените на „Беверли Хилс“ од деведесетите во која Лук Пери, кој го играше ликот на Дилан Мекеј и Џејсон Пристли, кој го глумеше Брендон Волш.

принтскрин

Тие двајца во автомобил пристигнуваат до една плажа на Тихиот океан, а потоа Дилан на Брендон му вели.

– Добредојде во рајот, човеку. Добредојде овде каде што соновите се остваруваат – изговори Лук Пери како Дилан Мекеј.

Потоа, на екранот се појавува порака на која пишува „За нашиот пријател, Лук Пери“
Во текот на оваа сцена Џени и Тори за малку не заплакаа. Фановите секако пуштија солза после оваа емотивна сцена.

Погледнете ја сцената…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close