Факундо Кампацо ја напушти Црвена звезда

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Првотимецот на Црвена звезда и репрезентативец на Аргентина Факундо Кампацо повеќе не е играч на српскиот кошаркарски клуб.

По Лука Вилдоза, Кампацо стана вториот Аргентинец кој го носеше дресот на белградските „црвено-бели“.

Со Црвена звезда успеа да освои два трофеи во српското првенство и Купот „Радивој Кораќ“.

Во Евролигата имаше просек од 8,8 поени, 2,3 скока, 5,3 асистенции и 1,5 украдена топка по меч.

Црвена звезда ова лето ги ангажираше Милош Теодосиќ, Марко Симоновиќ и Адам Ханга, а го продолжи договорот со Лука Митровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот