Официјално: Милош Теодосиќ потпиша за Црвена звезда
Прославениот српски кошаркар и еден од најтрофејните играчи во историјата на таа земја, Милош Теодосиќ (36) е новото засилување на КК Црвена звезда.
Препорачано
Теодосиќ во кариерата освои 16 меѓународни и национални клупски трофеи со клубови од Србија, Грција, Русија и Италија.
Официјално, како што соопштија белградските „црвено-бели“ искусниот плејмејкер потпиша договор на една година.
Поранешен шампион на Европа со ЦСКА, освојувач на Еврокупот со Виртус и дури 20 индивидуални признанија како најдобар играч на натпреварувањето, најкорисен играч (МВП), член на првите петорки во сите лиги во кои настапуваше, играч на годината во изборот на ФИБА и најдобар српски кошаркар во 2016 година.
Со српската репрезентација, чиј предводник беше долги години, освои три сребрени медали на Европските првенства во 2009 година, СП и Олимписките игри, во 2014 и 2016 година, а беше и лидер на јуниорските селекции на Србија кои освоија златни медали на три европски првенства во 2003, 2005 и 2007 година.
?⚪️ #kkcz #CrvenoBelaPorodica https://t.co/iZApC8C1i4
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 11, 2023


