ФА отвори истрага за случувањата на „Олд трафорд“

epa09173889 Demonstrators stand outside the entrance of Old Trafford during a protest against the Glazer family ahead of the English Premier League soccer match between Manchester United and Liverpool FC in Manchester, Britain, 02 May 2021. EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалската федерација на Англија (ФА) денеска соопшти дека започна со истрага на настаните кои доведоа до одложување на големото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Инцидентите се случија вчера пред стадионот на Јунајтед, „Олд трафорд“ кога неколку стотици навивачи на „црвените ѓаволи“ уаднаа на теренот каде извикуваа пораки против сопствениците на клубот, американското семејство Глејзер.

Натпреварот трбаше да започне во 17.30 часот, но е одложен поради безбедносни причини.
„Како дел од процесот, ФА ќе соработува со Манчестер јунајтед, Премиер лигата и надлежните за безбедност“, порача ФА.

Поради вчерашните инциденти се огласи и британскиот министер за спорт, Најџел Хаделстон кој порача дека насилството е неприфатливо.
– Страстите во фудбалот се големи, но постои начин да се протестира и да се направи се да се слушне вашиот глас без повреди и загрозување на останатите. Ги разбираме фрустрациите, но насилството на мала група навивачи на „Олд трафорд“ е неприфатливо – изјави министерот Хаделстон.

Навивачите на Јунајтед се гневни на сопствениците поради улогата на клубот во формирањето на Суперлигата како и поради начинот на водење на клубот и бараат од семејството Глејзер да го продаде Манчестер јунајтед.

ВИДЕО: Пред дербито незадоволните навивачи на Јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот