ВИДЕО: Пред дербито незадоволните навивачи на Јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“!

epa09174025 Demonstrators stand outside the entrance of Old Trafford during a protest against the Glazer family ahead of the English Premier League soccer match between Manchester United and Liverpool FC in Manchester, Britain, 02 May 2021. EPA-EFE/TIM KEETON

Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат заминување на сопственикот на клубот поради неговото учество во основањето на Суперлигата, непосредно пред дербито против Ливерпул денеска од 17.30 часот.

Доколку Манчестер јунајтед загуби од Ливерпул, нов шампион ќе биде Манчестер сити. Сега под знак прашалник е и одигрувањето на дербито откако навивачите разбија неколку камери за снимање на натпреварите, пренесува новинарот на „Атлетик“, а поранешниот фудбалер Стен Колимор објави и видео од тој инцидент.

Фудбалерите на Јунајтед и Ливерпул допрва треба да го напуштат хотелот поради протестите на навивачите и не знаат кога ќе се упатат кон „Олд Трафорд“. „Скај Спортс“ објави дека дури и главниот судија Мајкл Оливер не пристигнал на стадионот.

Сосопственикот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер неодамна им се извини на навивачите на клубот преку отворено писмо, но тоа очигледно не помогна.

На крајот на април, навивачите упаднаа и во тренинг центарот на клубот во Карингтон и го блокираа влезот за тренерот и играчите.

„Ние одлучуваме кога ќе играте“, „Глејзери, надвор од клубот“ и „51% MUFC“, пишуваше на транспарентите, во кои се повикува на германскиот модел, во кој навивачите го поседуваат најголемиот дел од клупската сопственост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот