Луис Хамилтон е седумкратен Формула 1 шампион/фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Ф1: Хамилтон е негативен на корона и ќе вози на последната трка во сезоната

Шампионот Луис Хамилтон сепак не ја заврши овогодинешната сезона во Формула 1, откако се опорави од коронавирусот ќе се врати во својот болид кој на последната трка во Сакир го возеше Џорџ Расел.

Младиот Расел минатиот викенд го замени Хамилтон во болидот на Мерцедес и ќе победеше доколку германскиот тим не направи катастрофални грешки во боксот кога во два наврати му стави погрешни пневматици.

Хамилтон кој веќе ја обезбеди седмата шампионска титула во Ф1, не возеше на трката за Големата награда на Сакир бидејќи се наоѓаше во десетдневен карантин поради позитивниот тест на коронавирус.

Но, Мерцедес денеска објави дека последниот тест на Хамилтон е негативен и веќе пристигна во Абу Даби каде исто така имаше негативен тест по што ќе вози на неделната трка која е последна во оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот