Европскиот шампион Вардар го преслуша и грчкиот АЕК

facebook.com/rkvardar/

На тој начин Вардар ја продолжува победничката серија во летните подготовки пред настапот во новата сезона.

Денеска „црвено-црните“ го совладаа освојувачот на струшкиот турнир, грчкиот состав на АЕК со седум голови разлика.

Во листата на стрелците повторно доминираше руското лево крило Тимур Дибиров со 10 погодоци. Три помалку во победничките редови запиша словенечкиот плејмејкер, Сташ Скубе.

Претходно македонскиот и европски шампион во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ беше подобар и од вториот претставник во ЛШ сезонава, Еурофарм Работник.

Не е познато дали Писонеро ќе смета на сите ракометари за претстојниот настап на неофицијалното Светско клупско првенство во Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот