Европската централна банка сè уште не донела одлука за каматните стапки
Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште не донела одлука за евентуално зголемување на каматните стапки, бидејќи економското влијание на војната во Иран е сè уште неизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за Блумберг.
Препорачано
Инвеститорите шпекулираат за евентуално зголемување на каматните стапки на ЕЦБ уште овој месец, во обид да го ограничат новиот бран на инфлација поттикнат од затворањето на стратешкиот Ормуски Теснец, клучен за транспорт на енергија.
„Тоа не значи дека ќе одиме во една или друга насока и сигурно не го одредува патот на каматните стапки“, рече Кристин Лагард во врска со ситуацијата во Иран.
Европска централна банка: Ќе направиме сè за да ја држиме инфлацијата под контрола
Централната банка на еврозоната ќе го одржи својот следен состанок на 30 април. Влијанието на војната во Иран треба да биде краткотрајно, според основните проекции на ЕЦБ во март. Сепак, ЕЦБ ја разгледува и можноста за најлошото сценарио, со многу поостар пораст на цените на енергијата, зголемена неизвесност и меѓународни последици, како и сериозно сценарио во кое инфлацијата ќе достигне 4,8 проценти следната година – објави Н1.
Според Кристин Лагард, економијата во моментов е „помеѓу основното и најлошото сценарио“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
17мин
-
20мин
-
21мин
-
22мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


