Европејците „полудеа“ по викенд-патувањата: Ова се хит-дестинациите за 2026 година
Бројот на кратки туристички патувања до четири дена во Европа пораснал за 34 отсто во однос на лани, покажуваат податоците на платформата за резервации „Trip.com.“, пренесува „Б92“. Во Италија бројот на кратки посети е зголемен дури четири пати, додека во Франција и Шпанија е повеќе од двојно зголемен, според податоците собрани од 1 јануари годинава.
Препорачано

Ова се најбараните градови
Најпопуларна дестинација меѓу странските туристи е Барселона, а веднаш зад неа се Лисабон, особено омилен меѓу Британците е и Истанбул, каде што најчесто патуваат туристи од Германија.

Французите, пак, за кратки одмори најчесто го избираат Алжир, кој лани бил дури на деветтото место по популарност.
На листата високо котира и Рејкјавик, бидејќи поларната светлина годинава е поинтензивна поради зголемената соларна активност, што привлекува повеќе туристи од вообичаено.

Продолжен викенд, мала пауза, големо освежување
Максимално искористување на годишниот одмор е вистинска уметност, но неколку паметно споени слободни денови околу државен празник лесно можат да се претворат во продолжен викенд, сосема доволно за брзо бегство и ново доживување.


