ЕВРО 2020, Николовски: Оваа репрезентација има и сила и знаење да победи било каде и било кого

epa08816186 North Mcedonia's starting eleven poses before the UEFA Euro qualifying playoff finals soccer match between Georgia and North Macedonia at the Boris Paichadze Dinamo Arena national stadium in Tbilisi, Georgia, 12 November 2020. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Фудбалската репрезентација на Македонија со денешниот собир ја започнува операцијата настап на Европското првенство.

Фудбалерите за прв пат во историјата на Македонија ќе играат на континенталниот собир кој започнува на 11. јуни и ќе трае се до 11. јули. Македонија се наоѓа во групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина.
Првиот натпревар за избраниците на селекторот Игор Ангеловски е на 13 јуни кога на Националната Арена на Букурешт ќе играат против Австрија. Во второто коло, противник на Македонија ќе биде Украина, додека во третото коло фудбалерите ќе играат против Холандија во Амстердам.
Генерацијата предводена од капитенот Горан Пандев конечно го исполни сонот на поранешните репрезентативци кои веруваат дека фудбалерите нема да бидат само учесници на ЕП, туку и ќе бидат изненадување.

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Поранешниот голман на репрезентацијата, Јане Николовски кој 27 пати го носеше  репрезентативниот дрес, верува во избраниците на Ангеловски.
– Мое мислење е дека репрезентацијата е искусна и фудбалерите настапуваат во сериозни клубови кои се соочуваат со притисоци, и сметам дека нема еуфоријата од тоа што Македонија ќе игра на ЕП нема воопшто да влијае на нив, напротив. Тие точно знаат колку вредат и се подготвени да направат успех за Македонија и за нив како поединци. Мислам дека ќе се претстават во најдобро светло и очекувам дека можеме да ја поминеме групата – вели Јане Николовски.

ЕВРО 2020, Шиков: Шансата за бодови треба да ја бараме против Австрија и Украина!

– Сум читал многу изјави дека сме најсилни во средниот ред и нападот, а сме биле послаби во дефанзивата. Не би се сложил со тоа бидејќи имаме добра и хомогена репрезентација. Противниците мора добро да се испотат за да дојдат до нашиот гол, а тоа покажува дека имаме компактна репрезентација.

Како и останатите фудбалски работници така и Николовски верува дека Македонија ќе биде пријатно изненадување.
– Јас сум непоправлив оптимист и многу верувам во оваа репрезентација и постојано го велам дека оваа селекција и претерано квалитетна и има сила и знаење да победи било каде. Нема да биде изненадување да победиме каде што сите најмалку се надеваат. Кога можевме да ја победиме Германија на гости, зошто и сега да не изненадиме – смета Николовски.

ЕВРО 2020, Ќумбев: Срце на терен и борба до последна секунда за боите на Македонија!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот