ЕВРО 2020, Шиков: Шансата за бодови треба да ја бараме против Австрија и Украина!

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Македонската А репрезентација за првпат ќе игра на едно Европско првенство кое официјално ќе започне на 11 јуни, а дебито ќе се случи на 13 јуни во Букурешт против Австрија.

Во групата „Ц“ нашите „рисови“ ќе ги одмерат силите уште со селекциите на Украина и Холандија.

Како што е најавено, утре (25 мај) избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат собирот. Закажани се два тест натпревари, во Скопје со Словенија на 1 јуни и три дена подоцна против Казахстан.

Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков вели дека оваа репрезентација покажа дека може да игра против секого. Последниот доказ беше големата победа во Дуизбург во рамките од квалификациите за Светското првенство против Германија (1:2).

– Овој историски пласман треба да го искористиме, да отидеме ослободени без никаков притисок и мислам дека само така може да дојдеме до добри резултати. Оваа репрезентација покажа и докажа дека може да игра против секого.

Искреко јас се надевам на поволен резултат против Украина и Австрија. Знаеме дека Холандија е фаворит, но и со нив не дека немаме шанси, но мислам дека со Австријците и Украинците треба да ја бараме шансата за бодови – ни изјави Шиков.

Илијоски: Пред сѐ треба да уживаме и да одиграме најдобро што знаеме на ЕП

Ангеловски го објави списокот на играчи за настап на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот