Еве со кои 12 играчи Србија ќе атакува на светското злато

kss.rs

Тие имиња што досега се најавуваа, денеска се и официјални во конечниот список на Србија за учеството на Светското првенство во Кина.

Теодосиќ поради повреда не се најде во составот, интересно е тоа што има седум високи кошаркари кои играат на позициите 4 и 5, па се верува дека ќе има „поместувања“, како што и говореше селекторот Александар Ѓорѓевиќ пред заминувањето за Кина.

Најдобрите српски кошаркари одработија еден тренинг во Фошан, по што се дозна и конечниот состав на Србија за СП:

Марко Симоновиќ, Богдан Богдановиќ, Немања Бјелица, Владимир Лучиќ, Мирослав Радуљица, Стефан Бирчевиќ, Никола Јокиќ, Никола Милутинов, Василије Мициќ, Марко Гудуриќ, Стефан Јовиќ и Бобан Марјановиќ.

Србија барем според најновиот ФИБА ранкинг има најголеми шанси за освојувањето на светската титула, а останува да се види како ќе реагира селекцијата на САД која претрпе многу промени, заминувања, повреди, со недоаѓањето на најсилните НБА ѕвезди.

Мундобаскет 2019 започнува на 31 август, а токму в сабота српските кошаркари во 09:30 часот по македонско време на стартот од групата Д ќе се сретнат против Ангола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот