Еве како да ги обоите јајцата со декупаж техника: Најубавиот украс! (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Иако изгледа како тешка вештина, оваа техника е многу убава и лесно се изведува…

Потребно ви е:

– салфети со најразлични цветови

– варени јајца

– изматена белка

– ножички

Подготовка:

Сварете ги јајцата, изматете ја добро белката од јајцето. Пожелно е јајцата да бидат бели. Исецкајте ги цветовите и одвојте го најтенкиот лист од салфетката.

Намачкајте го јајцето со белката па полека со прстите нанесете ја сликичката. Врвот од прстите нека ви биде намачкан со белка, па така развлечете го добро краевите од сликичката и притиснете да се залепи.

Оставете да се исуши. Јајцата изработени со оваа техника личат како да се насликани и одлично ја красат велигденската трпеза. Уживајте и забавувајте се!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот