Ева Лонгорија ослабела 20 килограми по бременоста: Која е нејзината тајна?
Една од најубавите холивудски актерки изгледа подобро од кога било. Иако Ева Лонгорија се здебелила за време на бременоста, по истата успеала да симне дури 20 килограми.
Во тоа успеала благодарение на воведувањето здрави навики. Почнала да јаде повеќе зеленчук, најмногу спанаќ, брокула и прокељ.
View this post on Instagram
Го минимализирала внесот на шеќер и јаглехидрати, а еден ден во неделата си дозволувала да ужива во пица или чипс. Немала никакви проблеми да се држи настрана од слатки работи бидејќи, како што тврди, не ги обожава.
View this post on Instagram
Според списанието „Women`s Health“, денот на Лонгорија започнува со пржени јајца и свежо овошје. Ручек со месо од живина и зеленчук подготвен на пареа. За вечера најчесто јадела риба и зеленчук, а како ужина јадела свежи краставици, јаболка или јогурт со вкус на ванила.
View this post on Instagram
Покрај тоа, таа е и физички активна. Освен што постојано трча по синот, секој ден трча и вози велосипед, а три до пет дена во неделата вежба пилатес и скока на трамболина 20 до 30 минути.
View this post on Instagram